4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPrada и пркоси на рецесијата

Prada и пркоси на рецесијата

prada1

Италијанската модна куќа „Prada“ и пркоси на рецесијата во матичниот италијански пазар, таа оствари рекорден приход и профит во 2012 година.

Како што наведуваат во соопштението од модната куќа, минатата година тие ја зголемиле нето добивката за 44,9 проценти, на 625,7 милиони евра.

Во февруари, модната куќа објави дека остварила приходи од 3,3 милијарди, што е за 29 проценти повеќе во споредба со резултатите од претходната година.

„За нас, 2012 година беше рекордна година, како во поглед на приходот така и поглед на профитот“, изјави извршниот директор на модната куќа Патрицио Бертели.

Во „Prada“ сега планираат голема експанзија на меѓународните пазари, одобено во Русија, како и во регионот на Персискиот Залив и во Јужна Америка. Растот  требале да го предводат брендовите „Prada“ и „Miu Miu“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП