20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБледее оптимизмот кај германските потрошувачи

Бледее оптимизмот кај германските потрошувачи

z germanija

Потрошувачката доверба во Германија започнува да ги чувствува последиците од глобалните економски ризици, покажуваат денес објавените резултати на едно истражување.

„Оптимизмот меѓу германските потрошувачи во извесна мера избледе во март“, се наведува во соопштението на истражувачката компанија GfK, пренесува агенцијата Франс прес.

„Мала е веројатноста дека слабата побарувачка за германската стока во низа клучни земји нема да има никакво влијание на економскиот раст на Германија“, се додава во соопштението.

Очекувањето на граѓаните во поглед на личните придонеси, како и подготвеноста за потрошувачка се исто така удар, иако и понатака се генерално на високо ниво.

Што се однесува на месец април, индексот на доверба на домаќинствата, според предвидувањата на GfK благо ќе забави на 9,4 поени од 9,5 поени, наведува АФП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП