10 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАВремето е пари: Дознајте колку навистина чини еден ваш час

Времето е пари: Дознајте колку навистина чини еден ваш час

sat-640x330

Веројатно сте се сретнале со ситуацијата во која не сте знаеле дали да најмите некој да ви обави некоја важна задача или сами да ги завиткате ракавите. И најверојатно во некои од тие ситуации целосно сте се заплеткале и сте изгубиле многу време и пари не завршувајќи ја таа работа.

За среќа, од сега не морате сами да калкулирате меѓу исплатливоста на овие две многу важни работи, бидејќи постои начин да пресметате колку навистина вреди вашето слободно време. За разлика од другите алатки, овој не ја пресметува само вашата плата.

Одговарајќи на неколку интерактивни прашања можете точно да одредите кога да се зафатите со работата, а кога е подобро да ја препуштите на некој професионалец. Прашањата се едноставни, на пример, колку слободни часови имате дневно, колку долго би чекале во ред за поклон картичка од 100 евра или колку часа прекувремено би прифатиле.

Значи, како што вели старата изрека „Парите се време, а времето е пари“, пробајте го новиот норвешки сајт Spare Time со цел да дознаете колку вреди вашето време. Одговорите можат да ве изненадат!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП