18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Бразил заглави, се лизна во најтешката рецесија“

„Бразил заглави, се лизна во најтешката рецесија“

бразилеро

Стапката на невработеност во Бразил во месец февруари достигна 8,2 проценти, што е највисокото ниво за тој календарски месец од 2009 година.

Станува збор за голем скок на невработеноста во однос на јануарската стапка од 7,6 проценти, покажаа официјалните податоци, пренесува агенцијата Франс прес.

Бруто домашниот производ (БДП) на Бразил минатата година падна за 3,8 проценти, поради што бразилската економија се лизна во најтешката рецесија за последниот четврт век.

Бразилската влада за оваа година прогнозира пад на БДП од 3,05 проценти, додека пазарите очекуваат пад од 3,6 проценти.

Оваа најголема латиноамериканска држава, како што наведува Франс прес, е заглавена во длабока рецесија, и е соочена со политичка неизвесност, бидејќи граѓаните бараат оставка од претседателката Дилма Русев поради масновниот корупциски скандал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП