11 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАКонцерт на виртуозот на мандолина Ави Авитал

Концерт на виртуозот на мандолина Ави Авитал

avital 335

Светската музичка сензација Ави Авитал од Израел, денеска ќе настапи како солист со оркестарот на Македонската филхармонија на концертот насловен „Алхемија“, што ќе се одржи во Домот на АРМ во 20 часот.

Уметникот од Израел, еден од најпознатите изведувачи на мандолина, и единствениот номиниран за престижната награда „Греми“ за овој инструмент, Ави Авитал, прв пат ќе се претстави пред македонската публика изведувајќи ги атрактивните Концерти за мандолина и оркестар од Антонио Вивалди и Јохан Хумел.

На концертот „Алхемија“ ќе биде изведено и маестралното дело „Три танци во стар стил“ од Хенрик Горецки, како и грандиозната Симфонија бр. 4 од Лудвиг ван Бетовен.

Со оркестарот ќе настапи маестро Махал Нестерович од Полска кој прв пат гостува во Македонија, и кој се смета за еден од водечките европски диригенти.

По концертот, за љубителите на музиката Авитал ќе ги потпишува своите ЦД-а

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП