18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Северен поток 2“ - новиот „Тројански коњ“ на Русија или енергетска безбедност...

„Северен поток 2“ – новиот „Тројански коњ“ на Русија или енергетска безбедност за ЕУ

potok sever 333

Веќе неколку месеци Европа не може да одлучи дали продолжувањето на „Северен поток“ е дозволено спрема европското законодавство и дали реално Европската унија (ЕУ) ќе има корист од новата гасна инфраструктура.

Плановите предвидуваат изградба на уште две цевки на трасата која постои во моментов по дното на Балтичкото Море со капацитет од 27,5 милијарди кубни метри гас годишно секоја. Учесниците во проектот коментираат дека идејата е чисто економски оправдана и ќе помогне за обезбедување на снабдувањето од природен гас во Европа.

Во минатата недела, сепак осум земји од заедницата испратија писмо до претседателот на ЕК Жан-Клод Јункер, со што ги изразија своите сомнежи во врска со плановите за новиот гасовод. Еден од европските лидери, кој го потпишал ова писмо е претседателот на Литванија.

За локалното радио „LRT“ таа коментираше дека „Северен поток 2“ е геополитички, а не чисто економски проект. „За сите е апсолутно јасно дека енергетски проекти од овој тип се геополитички и нивните цели се геополитички“, коментира таа, цитирана од „Baltic Course“.

Уште со претставувањето на новиот гасен објект во ЕУ се појавија критики, при тоа на високо ниво – од комесарот за Енергетскиот унија Марош Шефчович до претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, дека со тоа се цели на заобиколување на Украина, како една од главните патеки на рускиот гас во Европа.

Но стравувањата се поврзани и со фактот дека осмислување својата политика на снабдување и промена на трасата главно во Германија, Русија реално ќе ја загрози енергетската безбедност во Југоисточна Европа. Во овој регион повеќето земји, се потпираат главно на гас од Русија и тоа само по трасата низ Украина.

Аргумент против проширувањето на „Северен поток“ е и неискористениот полн капацитет на објектот во моментот. „Северен поток“ работи во моментов со малку над 50% од својот капацитет, што покренува многу прашања“, вели Литванскиот претседател.

Одговор на прашањето кој ќе победи на „Северен поток 2“. Јасно е дека Украина, Словачка и Чешка ќе изгубат милијарди од транзитот на рускиот природен гас. Новиот објект ќе биде од корист за гасниот пазар во Германија и Франција.

Производството на гас во Европа се намалува и според многу проценки Стариот континент ќе се потпира на суровината која доаѓа од Русија. Во исто време треба да се анализира дали навистина природниот гас е потребното гориво за транзицијата кон нискојаглеродната економија, кон кое се стреми ЕУ.

Всушност „Северен поток 2“ треба да биде разгледуван на три различни нивоа, смета Ромас Сведас – правни, економски и од гледна точка на европските вредности. Правните аспекти се јасни – склад со Третиот либерализационен пакет на ЕУ, кој всушност го сопна развојот на „Јужен поток“. Од економска гледна точка, ЕУ треба да одлучи дали да го овозможи овој проект, кој не се намалува, туку напротив – ја зголемува зависноста на заедницата од Русија во енергетската сфера, додава експертот.

Најсложените анализи сепак паѓаат на прифатливоста на „Северен поток 2“ од гледна точка на европските вредности. Прво Европа треба секогаш да си дава сметка која реално ја контролира „Газпром“, посочува Сведас.

„Купувањето гас од „Газпром“ e еднакво како да го купуваме од Кремљ и нешто повеќе – да ја поддржуваме неговата политика, која сега е непријателска кон Европа и нејзините интереси“, додава тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП