28 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАКонцерт на Дуња Иванова во Куманово

Концерт на Дуња Иванова во Куманово

дунја55

Денес, со почеток во 19.30 часот во Малата сала на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово концерт за пијано ќе одржи пијанистката Дуња Иванова.

Дуња Иванова (1985) магистрира на вокално-инструменталниот оддел на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата по пијано (2010), магистрира (2009) и докторира (2015) на катедрата за естетика на Институтот за филозофија на Филозофскиот факултет при Универзитетот ,,Кирил и Методиј“ во Скопје.

Со солистичка и камерна концертна дејност се претставува во Њујорк (САД), Париз (Франција), Сараево (БиХ), Рагуза (Италија), Приштина (Косово); на фестивалите Скопско лето, Охридско лето, Денови на Македонската музика, Музика вива, Филмскиот фестивал Браќа Манаки; настапува со оркестарот на Музичката младина на Македонија, во камерни состави и во рамките на балетски претстави. Особено значајни се нејзините рецитали посветени на музиката на Збигњев Прајснер, Филип Глас, Лудовико Еинауди, Арво Перт.
Учествува со свои трудови од областа на музичката теорија и практика на трибините на здружението на педагозите по пијано на Македонија ЕПТА, на конференциите на Институтот за истражување и архивирање музика ИРАМ, на научно-стручни собири на Универзитетот ,,Гоце Делчев” во Штип.

Од 2007 година работи како наставник по пијано во ДМБУЦ ,,Илија Николовски Луј“- Скопје.

Автор е на книгата ,,Естетското доживување на музиката“ (2010), на публикациите ,,Мултиапликативната примена на музиката во образовниот процес кај децата“ (2010), ,,Децата и музиката во виртуелната реалност“ (2012).

ПРОГРАМА:
Ryuichi Sakamoto
-The Sheltering Sky
-A Flower is not a Flower
-Whuthering Heights

-Solitude
-Energy Fl
-Amore

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП