26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНаскоро ќе стартува продажбата на NLB банка

Наскоро ќе стартува продажбата на NLB банка

nlb slovenija 335

Како што неодамна и беше најавено, наскоро Словенечкиот државен холдинг (SDH) би требало конечно да избере советници за продажба на државниот имот во кој се наоѓа и Нова Љубљанска Банка (NLB).

Според информациите, како потенцијални советници за продажба се споменуваат големи странски инвестициски банки, како што се „Deutsche Bank“, „Goldman Sachs“, „Merrill Lynch“ и „Citigroup“.

Нова Љубљанска Банка пред еден месец доби нов Надзорен одбор од кој беа исклучени членовите поставени во време на мандатот на поранешната премиерка Аленка Братушек.

Претседателот на Словенечкиот државен холдинг, Марко Јазбец, рече дека промените во Надзорниот одбор се дел од настојувањата да се „урамнотежи“ неговиот состав пред постапката за приватизација на банката која мора да се реализира до крајот на 2017-та година.

Словенија пред три години во својот банкарски сектор, кој беше оптеретен од лошите кредити, инвестираше 4 милијарди евра со цел да стагнира, а 1,5 милијарди евра свежи средства доби токму Нова Љубљанска Банка. Па така државната докапитализација на „NLB“ да не се третира како недозволена државна субвенција, забранета со европската регулатива, владата тогаш се обврза дека најголемата словенечка банка до крајот на 2017-та година ќе ја приватизира.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП