4 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПромет од над 14 милиони денари на Македонска берза

Промет од над 14 милиони денари на Македонска берза

mk berza kke

Вкупниот промет на Македонската берза во средата изнесуваше над 14 милиони денари, остварен преку 52 трансакции и притоа се истргува количина од 32.144 лотови.

Најтргувана акција со вкупен промет од 7,6 милиони денари беше акцијата на Комерцијална банка АД Скопје, а по неа следеше акцијата Стопанска банка АД Битола со вкупен промет од 3,5 милиони денари.

Иако прометот беше значително поголем во однос на претходните денови, индексот МБИ10 остана речиси непроменет, забележа раст од само 0,03 отсто и заврши на вредност од 1.795,76 индексни поени.

Во текот на денот со обврзниците за денационализација се случија шест трансакции и вкупен промет од над 1,2 милиони денари, индексот ОМБ забележа раст од 0,30 отсто.

Листата на победници ја предводеше акцијата на ЕМО АД Охрид, со раст од 33,33 отсто и просечна цена од 20 денари. Зад неа следеше акцијата на Стопанска банка АД Битола со раст на акцијата од 6,35 отсто.

Наспроти неа акцијата на Арцелормиттал Скопје (РЖЛЕ) ја предводеше листата на губитници на денот со намалување на вредноста од 18,18 отсто и истргувани вкупно 2.000 акции по просечна цена од 9 денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП