Цените на нафтата денеска благо паднаа на меѓународните берзи под притисок на неочекувано силното зголемување на резервите во САД, што повторно го насочи фокусот врз прекумерното снабдување.
На лондонската берза цената на барелот падна 25 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 41,45 долари. На американскиот пазар барелот се тргуваше по 33 центи пониска цена, од 41,12 долари. Во вторник на кратко го достигнаа највисокото ниво оваа година, од 41,90 долари.
Американскиот институт за нафта наведе во вчера објавениот извештај дека комерцијалните резерви на сурова нафта се зголемиле минатата недела за 8,8 милиони барели, три пати повеќе од очекуваното. Податокот повторно го сврте вниманието на прекумерното снабдување.
„Краткорочно нето снабдувањето и натаму би требало да бележи вишок, па сме склони кон оцена дека актуелниот нагорен тренд е неодржлив“, наведува во белешката Даниел Анг од Phillip Futures.
Трговските куќи како Vitol, Gunvor и Glencor и натаму шпекулираат дека прекумерното снабдување на пазарите на нафта ќе потрае уште најмалку две години.
Значителен пад на цените ги спречија преговорите за ограничување на производството, како и пречките во снабдувањето од Нигерија и Ирак.
Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) одвоено на своите интернет страници извести дека цената на барелот на референтната кошница од нејзината нафта во вторник изнесувала 36,68 долари, што значи дека пораснала 41 цент во однос на претходниот трговски ден.