21 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОпштина Центар доби согласност да земе кредит за изградба на основното училиште...

Општина Центар доби согласност да земе кредит за изградба на основното училиште Капиштец

centar

Општина Центар во среда ја доби согласноста од Министерството за финансии за задолжување за обезбедување финансиски средства за изградба на општинско основно училиште во Капиштец.

„Министерството потврди и одобри дека општина Центар има финансиски капацитет да се задолжи во износ од 297.750.000.00 денари, кои ќе бидат наменети за изградба на првото училиште во оваа населба“, информира локалната власт.

Општината претходно по предлог на градоначалникот Жерновски го раскина договорот за кредит за изградба на барокна катна гаража, склучен од претходното раководство и одлучи парите да ги инвестира во изградба на ново, современо основно училиште.

„Општина Центар, од утре продолжува со неопходните активности за заокружување на постапката и избор на банка-кредитор. Останува Владата и формално да го потврди конструктивниот пристап и да донесе одлука за долгорочно задолжување кај избраната деловна банка, со што општина Центар ќе нема проблеми и пречки во изградбата на училиштето“, се вели во соопштението од Општина Центар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП