12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтартуваше распродажбата во Русија, се уште не ја даваат Сбербанк

Стартуваше распродажбата во Русија, се уште не ја даваат Сбербанк

rublja 335

Руската влада не планира да ја приватизира најголемата домашна банка, „Сбербанк“, во 2016-та година, изјави потпретседателот на руската влада Аркадиј Дворкович.

Според неговите зборови, руските власти планираат да го продадат сопственичкиот капитал во неколку водечки државни компании во 2016-та година, меѓу кои се и нафтените компании „Росњефт“ и „Басњефт“, траспортната компанија „Совкомфлот“ и производителот на дијаманти „Алроса“.

„Нашиот план е да стартуваме оваа година“, вели Дворкович, додавајќи дека продажбата на државниот удел во „Сбербанк“ во 2016-та година, „не доаѓа во предвид“.

Владата во Москва, според неговите зборови, го подготвува пазарот за низа трансакции.

„Имаме листа на компании во кои можеме да продадеме удел. Меѓу нив се и статешки компании. Не станува збор само за компании во финансискиот сектор, туку и за фирми во секторите на логистика, нафтата и некои други области од економијата“, истакнува Дворкович.

Рускиот министер за економски развој Алексеј Уљкајев изјави вчера дека се мали изгледите за приватизација на државните активи пред летото следната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП