19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКрајот на растот ќе дојде кога инвеститорите ќе го сфатат тоа!

Крајот на растот ќе дојде кога инвеститорите ќе го сфатат тоа!

American-Economy-633

Американските индекси ќе регистрираат сериозно намалување, a причината која ќе го предизвика тоа ќе е политиката на ФЕД. Тоа го прогнозира аналитичарот Дејвид Стокман, поранешен директор на американската комисија „Office of Management and Budget“, за финансиското издание „CNBC“.

„Би ја определил ФЕД како светулка со врзани очи. Вооружена, опасна и изгубена. ФЕД едноставно не сака да го промени статусот кво и да го чека крајот на овој циклус кај нулта камати во економијата, чија задолженост е при ниски нивоа. Сметам дека резервите ќе ја зголемат каматната стапка само уште еднаш во оваа година или ќе си најде изговор зошто да не го направи тоа“, смета Стокман.

Аналитичарот падот на растот на добивката на глобалните трендови, неправилната политика на ЕЦБ и недостатокот на цврст став од страна на ФЕД го доведоа до тоа пазарот да се зголемува во средина на „тенок мраз“.

„Сметам дека светот е во исклучително несигурна средина, како никогаш досега“, смета Стокман.

Докази за оваа несигурност можат да бидат откриени во Азија. Јапонија, Кина и Јужна Кореја беа сведоци на пад во извозот со двоцифрени стапки во првите два месеци од годинава. Во исто време широкиот американски индекс S & P 500 се зголеми за 13% од дното во февруари.

„„Се уште сме во ничија земја“. Бевме сведоци на корективни унапредувања. Тоа беше силно, но доаѓа само за да биде проследено со голем пад. Светската дефлација ќе премине во светска рецесија“, коментира пазарниот стратег.

Таргетот на аналитичарот за широкиот американски индекс е 1.300 поени, или со 37% под нивото на вчерашното затворање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП