24 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложба на Луловска во Софија

Изложба на Луловска во Софија

korelacija 33

Денеска со почеток во 18.30 часот, во Културно-информативниот Центар на Македонија во Софија, ќе биде отворена изложба од фотографии со наслов „Корелација“ од Јана Луловска.

Изложбата која е дел од годишната програма на Центарот во Софија, ќе ја отвори директорот Васко Шутаров, а делата ќе можат да бидат видени до 6 април, кога се затвора изложбата. Проектот финансиски е поддржан од Министерството за култура на Р. Македонија.

„Првата самостојна изложба на збирката фотографии на младата авторка Јана Луловска под наслов „Корелација“, се состои од дваесет диптиси, генерирани од и посветени на балканскиот пејзаж. Низ овој жанр, како и низ користењето на старата класична и некогаш популарна благородна техника гумитилија, Луловска се обидува, во ерата на сеопшта дигитализација/виртуализација, низ реактуализација на оваа техника да си ја овозможи најнапред креативната слобода, која се темели на телесната сличност на знакот и на објектот кој го третира“, пишува Конча Пиркоска.

Јана Луловска е родена 1986 година во Скопје, Република Македонија. Завршила уметничка и применета фотографија на Националната Академија за театарска и филмска уметност „Крсто Сарафов“ во Софија.

Досега има реализирано неколку самостојни изложби во Скопје и повеќе групни изложби, меѓу кои и неколку во Р. Бугарија.

Изложбата „Корелација“ е нејзина прва самостојна фото-изложба во Софија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП