18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија има нов голем план

Германија има нов голем план

германос

Германија планира да ја зголеми буџетската потрошувачка за повеќе од 30 милијарди евра до 2020 година, а да не се одалечи од зацртаното балансирање на буџетот.

Тоа го покажува нацрт-документот на германското министерство за финансии, пренесува Ројтерс.

Според тој документ, владата во Берлин планира да ја зголеми потрошувачката за 30,9 милијарди евра, на 347,6 милијарди евра до 2020 година, но бидејќи се очекува продолжување на растот на даночните приходи, нема да постои потреба за нови позајмици, оцени германската влада.

За 2017 година, германските власти предвидуваат зголемување на буџетската потрошувачка за 8,6 проценти, на 325 милијарди евра, од кои 33,7 милијарди евра ќе бидат потрошени на инвестиции.

Владата во Берлин очекува нацрт-буџетот за 2017 година и планот за финансирање до 2020 година да биде одобрен на 6-ти јули оваа година.

Минатогодишниот прилив на повеќе од 1,1 милиони мигранти во Германија го доведе во прашање планот на Берлин за балансирање на буџетот, поради потенцијалното издвојување на дополнителни средства за покривање на трошоците за сместување и интеграција на бегалците, пренесува Ројтерс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП