25 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСобранието ќе одлучува за продолжување на кризната состојба на границите

Собранието ќе одлучува за продолжување на кризната состојба на границите

собрание

Собраниската Комисија за одбрана и безбедност, во среда, треба да одлучува за предлогот за продолжување на кризната состојба на подрачјата на јужната и на северната граница на Македонија поради мигрантската криза, до 31 декември годинава.

Предлог­одлуката за изменување на Одлуката за одобрување продолжување на рокот за постоење кризна состојба заради зголемен обем на влез и транзитирање мигранти низ територијата на Република Македонија Владата ја достави врз основа на Предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи.

Целта е да се обезбеди континуитет во вршењето на активностите од страна на силите на Армијата на Република Македонија и безбедносните сили на Министерството за внатрешни работи, во функција на обезбедување, заштита и чување на државната граница.

Изготвен е Извештај за направена процена и сеопфатна анализа со образложение за продолжување на времетраењето на кризната состојба и Извештајот за изработен како придружни материјали кон Предлог­одлуката,

Првата одлука Владата на Република Македонија за постоење кризна состојба поради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Македонијана беше донесена во август лани, со важност од 30 дена, по што следеше продлжување на рокот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар