19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМрачни изгледи за турскиот туризам, се очекуваат загуби од 12 милијарди долари

Мрачни изгледи за турскиот туризам, се очекуваат загуби од 12 милијарди долари

turcija pazar

Претставници на туристичкиот сектор во Турција сметаат дека 2016-та ќе биде дури полоша и од предвидувањата кои се наречени „најлошите можни сценарија“.

Претседателот на Стопанската комора на Анталија, Давут Четин изјави за весникот „Хуријет“ дека руски турирсти речиси и нема во Турција, како и дека е во постојан пад и бројот на турисити од Германија и другите европски земји, по серијата терористички напади во Турција.

Јусуф Хачисулејман, претседателот на Асоцијацијата на хотелиери од Медитеранот“, речек дека според претходните предвидувања сметале за загуби од околу 8 милијарди долари.

„Сега направивме нови проценки и сметаме дека загубите ќе изнесуваат околу 12 милијарди долари“, нагласи Хачисулејман.

Својот годишен состанок, кој требаше да го одржи во Турција, го откажа и Асоцијацијата на германски туристички организации.

„Доколку тие откажуваат, нормално е дека не можеме да очекуваме ниту на германските турисити“, смета Хачисулејман.

Поради малиот број на туристи се очекува и намалување на бројот на вработени. Само во Анталија околу 100.000 лица би можеле да останат без работа, затоа што многу од хотелите ќе останат затворени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП