Со дневен промет од 3,7 милиони денари дефинитивно фокусот на инвеститорите беше насочен кон акцијата на Алкалоид АД Скопје. Вкупно се истргува 700 акции по просечна цена од 5.318 денари преку 11 трансакции. Инаку релативно гледано акцијата на Алкалоид направи 67% од вкупно остварениот промет денес.
На листата на губитници на првото место со пад од 20% го зазеде акцијата на Арцелормиттал Скопје (ЦРМ) при што се тргуваше по цена од 16 денари. Зад неа се најдоа акциите на ТТК Банка АД Скопје со пад од 4,76 отсто и просечна вредност на акцијата од 600 денари и акцијата на Лотарија на Македонија АД Скопје со пад од 2,91 отсто и просечна вредност на акцијата од 100 денари.
На врвот од листата на добитници се најде акцијата на Охридска банка АД Скопје со пораст од 3,08 отсто и истргувани 32 акции по просечна цена од 2.201,06 денари.
Вкупниот промет на МСЕ изнесуваше речиси 5,5 милиони денари, со истргувани 4.840 лотови преку 38 трансакции. Индексот МБИ10 порасна за 0,23 отсто и заврши на 1.795,17 индексни поени, додека пак индексот ОМБ поради тоа што немаше ниту една трансакција со обврзниците остана непроменет.