
Направените истражувања на ниво на Европска унија укажуваат на економска оправданост на внесувањето на родовата перспектива во работењето на компаниите.


Направените истражувања на ниво на Европска унија укажуваат на економска оправданост на внесувањето на родовата перспектива во работењето на компаниите.
Инвестициите во родовата разновидност и искористување на талентот и потенцијалот на жените се можност за поефикасно решавање на деловните предизвици и за подобрување на работењето на компаниите. Таквите решенија во крајна линија резултираат со зголемување на профитабилноста на компаниите, подобрени решенија за клиентите, зголемена мотивација и продуктивност кај вработените и намалување на степенот на одлив на вработени.
Културолошките и општествени стереотипи, самодовербата, предизвиците со мајчинската улога и други бројни состојби се анализирани како причини за оваа родова дисбалансиранот во развојот на кариерите на жените наспроти мажите. Анализирано по индустриски сегменти, родовата небалансираност варира, но најалармантен во моментов е податокот за радикално ниската застапеност на жените во индустријата на информатички технологии.
Врз основа на претходни истражувања од 2015 година, во Македонија во развојот на софтвер и ИТ услуги има помалку жени (27 отсто), а и помалку вработени жени на раководни места (12 отсто) во споредба со мажите и покрај поголемиот број на академски образувани жени.
Доследната примена на активните мерки за родова балансираност и оптимизирање на родовата структура во бројот на вработените се мерки кои и македонските ИТ компании според искуството на глобалните брендови од истоветната индустрија можат да ги применат како една од мерките за подобрување на профитабилност, конкурентноста и стапката на лојалност на вработените.
Актуализирањето на темата за родовиот баланс низ призмата на бизнис резултати е од повеќекратен интерес за компаниите во Македонија. Имено, жените како професионалци поседуваат креативност и организациски способности на позадоволително ниво, што пак низ перцепцијата на работодавците ги позиционира како попреферирана категорија на вработени.
Покрај овие професионални карактеристики, жените како професионалци се докажано и полојални вработени, што во ИТ индустријата, која е глобално најбрзорастечката индустрија со истовремено и најсилна флуктуација на кадри, е аспект на кој треба да му се придаде приоритетна важност.