19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата непроменети, инвеститорите барат спас во сигурен имот

Цените на нафтата непроменети, инвеститорите барат спас во сигурен имот

naf 33

Цените на нафтата се задржаа денеска на меѓународните берзи над нивото од 41 долар, бидејќи нервозните инвеститори по нападите во Брисел побара засолниште во имот што го сметаат за сигурна инвестиција, како златото.

На лондонската берза цената на барелот остана речиси непроменета во однос на претходното затворање и изнесуваше 41,59 долари. Позначителни промени во цената немаше ниту на американскиот пазар, каде што барелот се тргуваше за 41,46 долари.

Веста за бриселските напади ги натера инвеститорите да купуваат злато. Со тоа во втор план падна податокот за падот на резервите во американскиот инфраструктурен јазол во Кушинг, за 570.574 барели, според наводите на трговците што се повикуваат на податоци на компанијата за собирање на берзанските податоци Genscape.

„Резервите во Кушинг им помогнаа (на цените)…, за потоа, се разбира, во прв план да избувнат вестите од Брисел, што може да го поттикне интересот за ризичен имот. Засега таквите движења не се претерано изразени“, толкува стратегот на Petromatrix, Оливер Џејкоб.

Во такво опкружување порасна индексот на доларот и пораснаа цените на златото, а зајакна и побарувачката за германските државни обврзници.

Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) на своите интернет страници соопшти дека цената на барелот на референтната кошничка од нејзината нафта во понеделник изнесувала 36,27 долари, што значи дека паднала за 32 цента во однос на претходниот трговски ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП