15 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнтензивна работа на заштита на водите во полошкиот регион

Интензивна работа на заштита на водите во полошкиот регион

potpis 335

Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири и градоначалникот Хазби Идризи денеска потпишаа договори за финансирање на проектите за Реконструкција на водна кула – резервоар од системот за водоснабдување во Горно Седларце и за доизградба на канализационен систем за Пирок.

„Министерството за животна средина и просторно планирање работи посветено на решавање на проблемите со водоснабдување на населението со чиста вода за пиење како и на третманот на отпадните води и тоа не само во Полошкиот регион туку на територијата на целата држава“, истакна министерот Изаири.

Министерот Изаири и Градоначалникот Идризи ја истакнаа добрата соработка меѓу Министерството и Општината нагласувајќи дека таа ќе продолжи и во иднина во правец на систематско обезбедување на инфраструктурата  неопходна за поквалитетен живот на локалното население и за здрава животната средина.

Проектот се финансира преку Програмата за инвестиции во животната средина за 2016 г. и треба да бидат завршени во рок од три месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП