6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЧистење на бреговите на реката Треска и на езерото „Матка“ по повод...

Чистење на бреговите на реката Треска и на езерото „Матка“ по повод Светскиот ден на водите

чистат

Чистење на бреговите на реката Треска и на езерото „Матка“ беше организирано денес од страна на Градот Скопје во соработка со Нуркачкото друштво „Врело“ од Скопје и со Министерството за животна средина и просторно планирање, а по повод 22 март – Светскиот ден на водите.

Светскиот ден на водите се одбележува со цел да се истакне важноста на водата за животот и за опстанокот на живиот свет, но и да се нагласи фактот дека светот се движи кон времето кога потребата за вода ќе ги надмине залихите. Проценка на светските експерти е дека 1,1 милијарда луѓе нема пристап до вода за пиење, а 2,5 милијарди луѓе немаат обезбедени елементарни санитарни услови.

Одбележувањето на светскиот ден на водите почна од 1993 година, врз основа на Резолуција на Генералното собрание на Обединетите нации од 1992 година. Оваа, 2016 година, темата на одбележувањето на овој ден – „Подобра вода, подобри работни места“ се фокусира на тоа дека доволно количество и квалитет на вода може да го промени животот и благосостојбата на работниците и дури да трансформира општества и економии, затоа што денес во светот 1,5 милијарди луѓе работат во сектори поврзани со водите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП