26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНовата колекција на Hugo Boss за пролет/лето 2016

Новата колекција на Hugo Boss за пролет/лето 2016

naslov

Колекцијата на Hugo Boss за пролет/лето 2016 е инспирирана од спојот на архитектурата и природата во еден вид на уметничка инсталација. Дизајнерите ги користат пејзажите како појдовна точка за модели со чисти линии, широки кроеви кои ги комбинираат спортските елементи во класичните парчиња, а се забележува и симболичното присуство на зелената боја.

Во колекцијата BOSS Orange доминира стил инспириран од Њујорк со уметнички влијанија од целиот свет. Парчињата од тексас и модните додатоци се одликуваат со графички принтови и рачно изработени детали. Автентичните силуети се одново интерпретирани на нов, модерен начин, а сината боја е особено застапена, и во парчињата од тексас и во останатиот дел од колекцијата како блузите и кошулите.

Колекцијата BOSS Green пролет/лето 2016 е патување низ раздвижените градски улици. Лесни материјали, мултифункционални делови и нови елементи кои овозможуваат едноставно движење, удобност и стил во урбаните авантури.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП