17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОтворен Меѓународниот саем МЕБЕЛ 2016

Отворен Меѓународниот саем МЕБЕЛ 2016

мебел2016

Меѓународниот саем МЕБЕЛ 2016 е отворен денес, а посетителите ќе можат да набават мебел со саемски попуст до 27 март.

На овогодишниот МЕБЕЛ 2016, граѓаните можат да си купат нешто за дома, дворно место или канцеларија од 400-те странски и домашни изложувачи кои имаат понуда од 11.000 изложени парчиња на мебел и сето тоа за првпат во рекордни 11 саемски хали.

„Меѓународниот МЕБЕЛ оваа година обединува рекордни 11 хали во кои има 180 директни домашни и странски изложувачи и 400 индиректни изложувачи кои на граѓаните ќе им понудат повеќе од 11.000 изложени парчиња мебел. Имено, станува збор за една од најатрактивните манифестации кај нас и пошироко која во минатата година беше посетена од повеќе од 50.000 посетители кои и оваа година со нетрпение го очекуваа саемот поради своите оригинални декорирани изложбени простори во кои покрај мебел за домот го трасираат трендот за модерните кујни и елегантни бањи, осветлување, подови и ѕидни декорации, материјали за тапацирање, како и канцелариски мебел, мебел за јавни објекти, мебел и додатоци за со љубов уредувани градини, како и најновите технички и технолошки достигнувања на репроматеријали, машини и опрема за обработка на дрво“, изјави оперативниот директор на проект во Скопски саем, Магдалена Хамбова.

Саемот е отворен до 27-ми март од 10:00 до 20:00 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП