6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТомас Кук очекува нестабилно пазарно опкружување

Томас Кук очекува нестабилно пазарно опкружување

tomas kuk 2

Британската туристичка компанија Томас Кук соопшти во вторник дека во претстојниот период очекува „нестабилно пазарно опкружување“, предвидувајќи дека клиентите ќе се обидат да ги избегнат потенцијалните проблематични точки и дека ќе им треба повеќе време за одлука за местото за одмор.

Зимската сезона според нивниот прелиминиарен извештај заврши во согласност со очекувањата, со продадени 90 отсто од аранжманите, што е два отсто помалку од истиот период во 2015 година. Просечните цени се за два отсто повисоки, додека вкупните резервации се намалени за три отсто во однос на претходната година, наведуваат во Томас Кук.

За овогодишната летна сезона се продадени 40 отсто од програмите, „со помал број резервации отколку минатата година бидејќи повторно им дадовме приоритет на маржите во однос на обемот на продажбата“, напомнуваат од Томас Кук.

Засилена е побарувачката за шпанските дестинации откако „правовремено беа преземени мерки“ и летовите пренасочени од Турција, Тунис и Египет, истакнуваат во Томас Кук.

Додават и дека продале повеќе патувања до оддалечените дестинации, како што се САД и Куба.

Од компанијата очекуваат да остварат подобри бизнис резултати од планираното, без оглед на „нестабилното пазарно опкружување“.

„Томас Кук и натаму работи во нестабилно пазарно окружување. Знаеме дека купувачите сакат да одат на летување, но забележуваме дека оваа година некои ја одложуваат одлуката и ја проучуваат понудата“, рече извршниот директор Питер Фанкхаузер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП