18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАССК потпиша Меморандум за соработка со Стопанската комора на Торино

ССК потпиша Меморандум за соработка со Стопанската комора на Торино

сск-торино

Зајакнување на бизнис соработката помеѓу Република Македонија и Република Италија е цел на денешното потпишување на Меморандумот за соработка помеѓу Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК) и Стопанската комора на Торино.

Делегација составена од Стопанската комора на Торино и од Општината на градот Торино се во неколку дневна официјална посета на Република Македонија, во чии рамки беше остварена официјална средба во Сојуз на стопански комори на Македонија на која се потпиша Меморандум за соработка помеѓу ССК и Стопанската комора на Торино.

Соработката помеѓу двете комори започна како иницијатива на претседателите на двете комори по остварената средба во рамки на Светскиот коморски конгрес кој се одржа во Торино минатата година.

Република Италија претставува значаен трговски партнер на Република Македонија, односно Италија е во првите 10 трговски партнери на Македонија во трговската размена. Соработката со Стопанската комора на Торино е значајна од повеќе аспекти меѓу кои и фактот што според националното законодавство во Италија, коморите се задолжени за креирање и ажурирање на Бизнис регистарот на сите компании во Италија и можат да излезат директно во пресрет на бизнис потребите за соработка на компаниите од Македонија.

Комората на Торино и општината на градот Торино остваруваат континуирана и силна соработка и претставуваат значаен партнер на ССК со кој во иднина ќе се спроведуваат голем број на бизнис активности како бизнис форуми, работни средби, размена на информации, застапување на бизнис интересите на членовите на двете комори и спроведување на потенцијални европски проекти.

“ССК ги застапува бизнис интересите на повеќе од 20.000 компании членови поврзувајќи ги со над 1000 национални, регионални и интернационални институции и организации. Соработката со Стопанската комора на Торино ќе допринесе за зајакнување на деловните врски и квалитетот на размената на релевантни бизнис информации помеѓу компаниите од двете држави како и дополнителна промоција на македонските компании на италијанскиот пазар”, истакна Александар Зарков, оперативен директор на ССК.

На средбата со претставниците од Општината се разговарање за поврзаноста на локалната власт и општините со бизнис секторот при што се разгледуваа дополнителни можности за соработка и позитивни примери за спроведување на истата. Од страна на ССК како позитивен пример за соработка на ССК и општините беше споменат и проектот „Бизнис пријателски општини’ во чии рамки веќе неколку општини од Македонија беа сертифицирани и промовирани во рамки на Југоисточна Европа како општини спремни да одговорат на потребите на бизнис секторот директно привлекувајќи домашни и странски инвестиции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП