22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБројот на сиромашни Руси зголемен за 20 проценти

Бројот на сиромашни Руси зголемен за 20 проценти

русија-мусија

Бројот на луѓе кои живеат во сиромаштија во Русија пораснал минатата година за речиси 20 проценти, покажуваат податоците кои денес ги објави државната статистичка канцеларија.

Околу 13 проценти од жителите, односно 19,2 милиони Руси, живееле минатата година на или под официјалната граница за сиромаштија, која изнесува 142 долари месечно.

Тоа е за 3,1 милиони луѓе повеќе од 2014 година.

Руската економија претходните две години беше тешко погодена од падот на цената на нафтата на светскиот пазар и санкциите кои Западот и ги воведе поради улогата на Москва на истокот во Украина и анексијата на Крим.

Поранешниот министер за финансии Алексеј Курдин изјави дека руската економија би можела оваа година да забележи пад од два проценти, ако цената на нафтата остане ниска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП