5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНов мини плоштад во центарот на Скопје

Нов мини плоштад во центарот на Скопје

miniplostad 33

Нов мини плоштад е изграден на спојот на улица “Пиринска“ со булеварот “Св. Климент Охридски“.

Пјацетата е поплочена со комбинација од природен гранит и травертин. Материјалите се карактеризираат со трајност, квалитет и долговечност, лесно се одржуваат и се во склад со најмодерните светски стандарди за партерно уредување. Доминираат мултифункционалните урбани елементи, клупа и вградени држачи за велосипеди. Амбиентот го дополнуваат две високи дрвја – ликвидамбери, кои во лето ќе бидат природен чадор за сонце.

Во жардинјерите има густо зеленило, а просторот е осветлен со канделабра и 17 амбиентални светилки. На барање на граѓаните, поставена е чешма со вода за пиење и разладување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП