17 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Волстрит индексите благо пораснаа, вложувачите внимателни

На Волстрит индексите благо пораснаа, вложувачите внимателни

Wall-Street1

На Волстрит цените на акциите пораснаа во понеделникот, меѓутоа благо бидејќи вложувачите се претпазливи по петте седмици постојан подем на индексите.

Индексот Dow Jones зајакна за 0,12 отсто, на 17.623 поени, додека S&P 500 порасна 0,10 проценти, на 2.051 поен, а Nasdaq индексот се зголеми за 0,28 отсто, на 4.808 индексни поени.

Минатата седмица индексите Dow Jones и S&P 500 ги достигнаа највисоките нивоа од 31-ви декември, надоместувајќи ги сите загуби од почетокот на годинава.

По острите загуби на почетокот од годината, закрепнувањето на цените на нафтата и на сировините во последниот повеќе од еден месец, го поттикна растот во рударскиот и во енергетскиот сектор, а тоа го стабилизираше севкупниот пазар.

Минатата седмица инвеститорите дополнително беа охрабрени од пораката на американската централна банка дека ќе го забави темпото на зголемувањето на каматите во текот на оваа година, додека тамошната економија би требало умерено да расте, а невработеноста да паѓа. Меѓутоа, нови вести кои би го поддржале натамошниот раст.

И додека се очекува продолжување на умерениот раст на американската економија, пазарот би можел негативно да реагира на евентуалните негативни макроекономски вести од Европа и од Кина.

На претпазливоста на вложувачите укажува и слабиот обем на тргување. На американските берзи во понеделникот сопствениците ги заменија 6,2 милијарди акции, додека просечниот дневен обем во последните 20 дена изнесуваше 8,2 милијарди акции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП