19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБДП на Украина забележа пад од десет проценти

БДП на Украина забележа пад од десет проценти

ukraina1sdfdsdsfdsgdgdgdg

Бруто домашниот производ (БДП) на Украина во 2015 година падна за десет проценти, но тоа е далеку подобро во однос на проекциите на владата.

БДП на Украина минатата година падна за 9,9 проценти, покажуваат официјалните објавени податоци, во однос на проектираниот пад на украинската влада од 10,4 проценти, пренесува агенцијата Франс прес.

Претходната година, БДП на Украина се лизна за речиси седум проценти.

Украина, со популација од повеќе од 40 милиони веќе 23 месеци се наоѓа во конфликти на истокот од земјата, кои однесоа речиси 9.200 животи.

Земјата, исто така, е погодена и од трговската војна со Русија, и падот на глобалните цени на пченицата и извозот на метали.

Сепак, централната банка на Украина очекува дека економијата оваа година ќе порасне за 1,1 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП