29 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе намалува производствениот сектор во Јапонија

Се намалува производствениот сектор во Јапонија

pro japonija 335

Активноста во производниот сектор во Јапонија се забавува во март, а индексот на менаџерите на договорите (PMI) го достигнува најниското ниво за последните три години.

Прелиминарните податоци на приватната истражувачка компанија „Markit“ и „Nikkei“ покажуваат дека мерачот се намалува од 50,1 поени во февруари до 49,1 поени во март.

Покрај тоа резултатите покажуваат дека секторот се стеснува. Секоја вредност под 50 поени зборува за контракција, а над 50 – за експанзија.

Прогнозите на аналитичарите беа за вредност од 50,5 поени.

Претходниот пат кога сектор забележа намалување беше во април минатата година, а последното највисоко ниво беше 56,6 поени во јануари 2014-та година.

Ејми Браунбил, економист во „Markit“, наведува дека и производството, и новите нарачки се намалуваат.

„Ова укажува дека индустриското производство ќе продолжи да се намалува. Една од главните причини за падот е намалувањето е побарувачката во странство, а за новите нарачки за извоз се предвидува најостро намалување по повеќе од три години“, вели таа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП