13 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајголем промет со акциите на Комерцијална банка АД Скопје

Најголем промет со акциите на Комерцијална банка АД Скопје

mk berza kke

На Македонската берза за хартии од вредност во понеделникот најтргувана беше акцијата на Комерцијална банка АД Скопје.

Вкупната вредност на трансакциите со акцијата на Комерцијална банка АД Скопје изнесуваше 3,2 милиони денари и истргувани 1.404 лотови по просечна цена од 2.305 денари.

Вкупниот промет, пак, изнесуваше 8,2 милиони денари и се реализира преку 66 трансакции, а се истргувани вкупно 6.464 лотови.

На дневната листа на добитници најголем раст оствари акцијата на Бетон АД Скопје со просечна цена од 7.150 денари и раст на вредноста од 5,93 отсто. По неа следеа акциите на Стопанска банка АД Скопје со истргувано количество од 2.952 акции и раст од 1,51 отсто, Алкалоид АД Скопје со истргувани 406 акции и раст од 0,17 проценти.

На спротивната страна се најде акцијата на Топлификација АД Скопје со истргувани вкупно 13 акции по цена од 600 денари и пад од 4,61 отсто.

Индексот МБИ-10 забележа пад од 0,51 проценти и заврши на 1.791,05 индексни поени, што е намалување за 9,21 индексни поени во однос на петокот. Истото така и индексот на обврзниците ОМБ денес бележеше пад, но за 0,33 отсто и заврши со вредност од 128,04.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП