Цените на нафтата се стабилизираа во вторникот на меѓународните пазари на нивото над 41 долар, закочени од свеста за благото зголемување на бројот на наоѓалишта во САД.
На лондонскиот пазар цената на барелот остана речиси непроменета во однос на затворањето на тргувањето во петокот и изнесуваше 41,18 долари. На американскиот пазар, пак, со барелот се тргуваше по 53 центи пониска цена, од 38,91 долари.
Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) објави дека цента барел од референтната кошничка од нејзина нафта во петокот изнесувала 36,59 долари, што значи дека пораснала за 23 центи во однос на затворањето претходниот трговски ден.
По 12-седмичниот пад, бројот наоѓалишта во САД пораснал минатата седмица, иако за само едно наоѓалиште, покажаа податоците на компанијата „Baker Hughes“. Во изминатата година дена се намали за две третини, паѓајќи на најниското ниво од 2009 година.
„Не сакаме да му придаваме на ова зголемување на бројот на наоѓалиштата поголемо значење отколку што заслужува, имајќи предвид дека и натаму најмал од 2009 година, Треба, исто така, да се каже дека од август бројот на наоѓалиштата порасна само во две седмици и дека во двата случаи стануваше збор за краткотрајни појави“, толкуваат аналитичарите на банката „Commerzbank“.
Во банката истакнуваат дека американското производство на нафта, според сé судејќи, и натаму е доста силно, благодарејќи, меѓу другото, и на специјалните фактори како што е привременото подобрување на продуктивноста и стратегиите за заштита од ценовните колебања., „Оттаму, и натаму очекуваме остар пад на американското производство во следните седмици и месеци“, додаваат од „Commerzbank“.