18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААлбанија во случај на влез на бегалци од Грција ќе реагира како...

Албанија во случај на влез на бегалци од Грција ќе реагира како што ќе препорача ЕУ

migi 33

Официјална Тирана  во случај да бараат бегалците  од Сирија, кои се во Грција, да влезат на албанска територија, ќе реагира во согласност со договорот со ЕУ.

Ова е оценката која ја изнесе албанската влада во врска со стационирањето на неколку стотици бегалци кои се во близина на границата со Албанија.

Премиерот Еди Рама  изјави дека ако дојде до тој проблем, истиот ќе се решава во договор со ЕУ. Албанија нема да ја отвори границата ниту, пак, истата ќе ја затвори нагласи тој и додаде дека одлуките во тој момент ќе се договараат со ЕУ.

Медиумите во Албанија нагласуваат дека веќе има индиции дел од бегалците кои се во Грција, и кои се до границата со Албанија, да навлегуваат во Албанија за да потоа преминат во Италија. Од друга страна, албанските власти во соработка со италијанските власти имаат план да спречат нелегални минувања на бегaлците во Албанија, а потоа со бродови да влезат во Италија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП