15 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАГодинешен лауреат на СВП е Маргарет Етвуд

Годинешен лауреат на СВП е Маргарет Етвуд

etvud

Добитничка на наградата „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2016 година е Маргарет Етвуд, канадска романсиерка, поетеса, книжевна критичарка и активистка.

Одлуката беше соопштена во понеделник на прес конференција, а била донесена едногласно.

„Наградата на Етвуд и се доделува за исклучителниот придонес во поетската уметност со особениот творечки пристап во третирањето на темите на отуѓувањето и неможноста од комуникација, позицијата на женскиот субјект кој страда, за тегобноста, искористувањето и потчинетоста во модерниот свет… низ моќта на нејзините стихови секогаш ги отсликува различните нијанси на женското искуство, ограничувањата кои го загрозуваат, како и опстанокот за кој неминовно се бори“, пишува во одлуката која ја прочита Славе Ѓорго Димоски, претседател на Управниот одбор на СВП.

Маргарет Етвуд е добитничка на повеќе од 40 светски признанија, на највисоките книжевни награди во Канада, а во 2000 година ја доби Букеровата награда за романот „Слеп убиец“. Таа е една од најпреведуваните светски автори и почесен професор на 30-ина универзитети, како Оксфорд, Кембриџ, Харвард, Сорбона, Единбург…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП