24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАGS: Доларот ќе поскапува

GS: Доларот ќе поскапува

various currencies

Еден од десетте најголеми девизни трејдери во светот – американската инвестициска банка „Goldman Sachs Group Inc.“, застанува цврсто зад прогнозата за поскапување на доларот, и покрај падот на валутата во последните денови, пренесува „Bloomberg“.

Поскапувањето на „зелената банкнота“ спрема некои од главните валути, денес посочи дека дел од учесниците на пазарот, исто така имаат слично мислење. Индексот со кој се надгледува претставувањето на американската валута, се намали за 3,5% во текот на овој месец, по помалку агресивната од очекуваната позиција на ФЕД при последната седница.

Така доларскиот индекс се насочува кон најлошата месечна презентација од април 2011-та година. Забележаната слабост на американската валута натера некои од банките, како „Macquarie Bank Ltd.“ и „Morgan Stanley“, да предупредат за понатамошна потенцијална слабост на „зелените пари“. ФЕД сигнализира две зголемувања на каматните стапки во оваа година, а аналитичарите очекуваа оваа институција да прибегне кон зголемување само еднаш во текот на оваа година.

„Тезата за слабата разлика меѓу политиките на ФЕД и другите централни банки во светот е повеќе поддршка на доларот, бидејќи ќе ја направи американската економија многу подобро претставена од онаа на Јапонија и еврозоната“, коментира Робин Брукс, аналитичар во „GS“.

Доларот денес поскапе во однос на 20 од 31-та главна валута, а се тргува без значителна промена во однос на еврото – 1.1281 долари за евро. Во однос на јенот американската валута се разменува на ниво од 111.43 јени. На крајот на минатата недела доларот поевтини до 110.67 јени, што беше најниска вредност од октомври 2014-та година. Јужноафриканскиот ранд го поведе падот во однос на доларот, следен од фуната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП