7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИIHS се спои со Markit во компанија вредна 13 милијарди долари

IHS се спои со Markit во компанија вредна 13 милијарди долари

markit 333

Компанијата за бизнис студии „IHS Inc“ објави дека ќе се здобијат со „Markit Ltd“ во зделка, финансирана целосно со акции, со која го проценува снабдувачот на финансиски податоци на околу 5,9 милијарди долари, пренесе „Ројтерс“.

Акционерите на „IHS“ ќе поседуваат околу 57% од новата комбинирана компанија која ќе биде со вкупна вредност од над 13 милијарди долари, додека оние на „Markit“ ќе ги поседуваат останатите партиции.

Акционерите на „IHS“, која е издавач на неделникот со воена и бизнис тематика „Jane’s Defence Weekly“, ќе добијат по 3,5566 обични акции од комбинираната компанија – „IHS Markit“, за секоја своја акција.

Од „IHS“ посочуваат и дека вредноста на трансакцијата ги проценува акциите на „Markit“ на 31,13 долари за број што е премија од 5,6% во однос на цената при затворањето во петокот.

Цените на акциите на „IHS“ и на „Markit“ останаа речиси без измена за време на прелиминарната трговија во понеделникот наутро.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП