Парите ги употребуваме секој ден, па така животот во сегашното општество без нив не би бил можен, а сепак не знаеме доволно за нив. Еве според што светските валути го добиле своето име…
Од земја во земја, валутите се разликуваат колку и културата и јазиците. Но дали некогаш сте се запрашале како валутите го добиле своето име?
Неодамнешната атимолошка студија која ја спроведе Оксфорд го објасни потеклото на имињата на најзастапените светски валути
1. Долар
Доларот е најзастапена валута во светот. Се користи во САД, Авсралија, Канада, Фиџи, Нов Зеланд, Сингапур и во други земји.
Според Оксфорд името долар настанало од фламанскиот збор „joachimsthal“ кој се однесува на Долината на Јоаким која била богата со сребро. Монетите кои се ковале од рудата од оваа долина го носеле називот „joachimsthal“, или скратено само „thaler“. Со тек на време како што еволуирал јазикот „taler“, станал „dolar“.
2. Пезос
„Peso“ на шпански значи тежина.
3. Лира
Називот на поранешната италијанска и сегашната турска валута настанал од латинскиот збор „libra“, кој означува фунта – единица мерка за маса.
4. Марка
Пред појавата на еврото, Германија и Финска користеa марки, чие име исто така има потекло од мерна единица.
5. Ријал
Латинскиот збор „regalis“ што значи „кралски“ е изворот на името ријал. Денес ријалот се користи во Оман, Иран, Катар, Саудиска Арабија и Јемен, а порано го користела и Шпанија.
7. Кинескиот јуан, јапонскиот јен и корејскиот вон
Сите три валути потекнуваат од симбол кој означува круг, или округла монета.
8. Круна
Многу скандинавски земји користат валута која се нарекува круна, а потеклото на името доаѓа од латинскиот збор „korona“, што значи круна.
9. Динар
Голем број на национални валути го носат името динар. Зборот динар е директно изваден од латинскиот збор „denarius“ што означува сребрена монета која ја користеле во Римското царство.
10. Рубља
Руската рубља го добила името од зборот „рубить“ што значи „отсечи, пресечи“, бидејќи била сметана за поситен облик од гривната.
11. Рупија
Индијската и пакистанската валута го добиле името по санскритскиот збор – рупија- што значи сребро.
11. Фунта
Британската фунта влече корени од латинскиот збор „Poundus“, што значи тежина.
12. Форинта
Унгарската форинта настанала од италијанскиот збор „florino“ со кој се означувале златните монети од Фиренца.