17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОткажани летови од и кон Франција

Откажани летови од и кон Франција

francija strajk aerodromi

Стотици летови се откажани од француските аеродроми на вториот ден од штрајкот на контролорите на летови, а многу летови се одвиваат со задоцнување, јавуваат француските медиуми.

Извештаите во понеделник велат дека бројот на откажани летови е многу поголем од очекуваниот.

На аеродромот „Орли“ во Париз, еден од шест аеродроми кои се погодени од штрајкот, бројот на откажани летови е околу 33 отсто. Исто толку  летови се откажани и од аеродромот во Марсеј.

Претходно, се сметаше дека поради штрајкот нема да бидат откажани повеќе од 20 отсто од летовите.

На аеродромите во Лион, Ница, Нант и Бове, откажани се дури половина од закажаните летови.

Летовите кои се одвиваат во внатрешноста на Франција, исто така, се одвиваат со големи задоцнувања.

Парискиот аеродром „Шарл де Гол“ е аеродромот кој има најмногу откажани летови, а оние кои се реализираат, доцнат.

Постојат извештаи кои велат дека дел од патниците се упатуваат кон своите дестинации со автобуси.

Сите што во понеделник летаат од или за Франција се советуваат да ги проверат нивните летови онлајн, пред да тргнат кон аеродромот.

Денеска е втор ден од штрајкот на контролорите на летови, и втор ден многу линии се откажани или летовите доцнат.

Огромен број летови меѓу Велика Британија и Франција се погодени од штрајкот.

Портпаролот на easyJet потврди дека 82 лета биле откажани во неделата, а 32 се презакажани.

Контролорите на летови не се задоволни од бројот на вработени и технологијата која ја користат.

Синдикатите забележуваат дека бројот на вработени се намалува, иако воздушниот сообраќај се зголемува. Обвинуваат дека контролорите на летање кои се пензионираат не се заменуваат со нови.

Исто така, укажуваат на тоа дека работат со технологија која е децении стара, која не може да следи толку густ сообраќај како што има денеска со што директно влијае на намалување на безбедноста.

И повикуваат надлените за авијација итно да вложат во подобрување на состојбите.

Ryanair повторно се на чело на штрајкот и повторно ги повикаа патниците да потпишат петиција со која ги поддржуваат нивните барања.

Велат дека потоа ќе ја достават петицијата до Европската комисија, па ако не ги слушаат нив, можеби ќе послушаат милион патници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП