19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААзиските берзи ослабеа, доларот стабилен

Азиските берзи ослабеа, доларот стабилен

berzi 44

На повеќето азиски берзи, по три седмици раст, во понеделникот индексите паднаа, бидејќи падот на цената на нафтата втор ден по ред ги наведе вложувачите на претпазливост.

Во Јапонија поради празниците не се работи, а на берзите во Јужна Кореја, Австралија и некои други, цените на акциите во понеделничкото претпладневно тргување беа во минус меѓу 0,2 и 0,4 отсто, додека во Хонгконг и во Шангај пораснаа меѓу 0,2 и 1,8 проценти. Така индексот MSCI на азиско-пацифичките берзи, без јапонските, беше во минус од 0,3 отсто, откако во петокот се проби во позитивното подрачје во однос на почетокот на годинава.

Растот на цените на нафтата и на сировините го поддржуваше последните седмици растот на цените на акциите, но последните денови тој залет спласна. Откако во петокот цената на барелот на американскиот пазар падна за повеќе од 1 отсто, на 39,44 долари, во понеделникот се лизна на 39,01 долари. На лондонскиот пазар, пак, барелот поевтини за 15-ина центи, на 41,04 долари.

Од крајот на јануари MSCI индексот скокна за 16 отсто, благодарејќи на закрепнувањето на цените на нафтата од најниското ниво во последните 12 година, како и на полабавата монетарна политика на низа централни банки, од европската до јапонската. Минатата седмица, пак, американската централна банка порача дека ќе го забави планираното темпо на зголемување на каматите, што исто така го поттикна растот на цените на акциите на светските пазари.

Најмногу во понеделникот претпладнето скокнаа, за повеќе од 1,5 отсто, цените на акциите во Шангај, благодарејќи на надежите на вложувачите дека тамошните власти наскоро дополнително ќе ја олабават монетарната политика за да ја разбудат задреманата економија. Пораката на американската дека нема да ги зголемува каматите, ѝ отвора простор на кинеската централна банка за намалување на каматите во вториот квартал.

А на валутните пазари попушти притисокот врз американскиот долар, кој траеше до минатата среда, исто така, како реакција на објавата на американската централна банка.

Во понеделникот претпладнето, индексот на доларот која ја искажува вредноста на американската валута во однос на шесте најважни светски валути на земјите најголеми трговски партнери на САД, се движи околу 95 поени, па така се оддалечи од најниското ниво во последните пет месеци, од 94,57 поени на коешто се лизна во петокот.

Притоа курсот на доларот кон јапонската валута се движи околу 111,50 јени, додека во петокот на затворањето на тргувањето изнесуваше 111,55 јени. Доларот е стабилен и во однос на европската валута, па така курсот на еврото се движи околу 1,270 долари, колку што изнесување и на крајот од тргувањето во петокот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП