3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАCBI: Brexit ќе предизвика сериозен економски шок и губење на милиони работни...

CBI: Brexit ќе предизвика сериозен економски шок и губење на милиони работни места

london street 333

Излегувањето на Велика Британија од Европската унија (ЕУ) би можело да предизвика сериозен економски шок во оваа земја, со ризик да се загубат скоро милион работни места, се наведува во истражувањето на бизнис групата CBI.

Во истражувањето се наведува дека излегувањето на Британија од ЕУ би можело Лондон да го чини до 2020-та година околу 128 милијарди евра, што е еднакво на пет проценти од бруто домашниот производ (БДП).

„Резултатите од анализата јасно покажуваат зошто излегувањето од ЕУ би им задало тежок удар на стандардите на животот, вработувањето и економскиот раст. Дури и во најдобриот случај, излегувањето на државата од ЕУ би предизвикало сериозен шок на британската економија“, изјавил генералниот директор на CBI, Керолин Фербаирн.

Според наводите во истражувањето, излегувањето на државата од ЕУ би предизвикало губење на 950 илјади работни места. Референдумот, пак, за останувањето или излегувањето на Британија од ЕУ ќе биде одржан на 23-ти јуни.

Резултатите од последните анкети покажуваат дека кампањите за излегувањето и останувањето во ЕУ имаат скоро изедначена поддршка, и дека 20 отсто од Британците се уште не одлучиле на која кампања да и дадат поддршка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП