22 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАНапиј се кафе, плати со поезија

Напиј се кафе, плати со поезија

plati so poezija 335

Во понеделник, Македонија за светскиот ден на поезијата по втор пат се приклучува на глобалната кампања на Јулиус Мајнл, „Плати со поезија“ на Светскиот ден на поезијата.

Имено, Скопје по втор пат е дел од мрежата на повеќе од 30 градови во светот каде граѓаните можат да испијат кафе или чај и истите да ги платат со поема. По неверојатно успешната минатогодишна кампања „Плати кафе со поезија“ која за прв пат беше спроведена во нашиот главен град и истата беше поздравена од граѓаните и привлече огромно внимание од јавноста, оваа година Скопје повторно гордо е дел од глобалната акција. Минатата година се собраа повеќе од 600-та поезии, кои освен на македонски и албански, беа пишувани и на бугарски, турски, руски, германски, српски и англиски јазик.
Оваа година љубители на доброто кафе, вкусните чајни ароми и убавиот пишан збор се добредојдени во Венето во Скопје Сити Мол, Паладиум во Капиштец, Наргиле во Чаршија, Дион на Кеј и Баду во Порта Влае да го испијат своето кафе или чај и истите да ги платат со поезија и притоа имаат шанса да се дружат со реномирани поети од нашата држава.

Ова е листата на дел од поетите од Македонија кои што се вклучени во „Плати со поезија“ и истите ќе ги оценуваат поемите на граѓаните кои потоа ќе добијат и награди: Дарко Лешоски, Стефан Марковски, Марта Маркоска, Јован Илиевски, Ксенија Николова, Наим Илијази, Драгана Ефтимова, Мартин Богатиноски, Ана Голејшка, Љубица Шопова, Билјана Стојановска, Слаѓана Атанасова.

Над 30 земји и повеќе од 1.000 кафетерии низ целиот свет, учествуваат во глобалната капмања Плати со поезија на 21ви март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП