18 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАОдбележување на Светскиот ден на поезијата во Битола

Одбележување на Светскиот ден на поезијата во Битола

citanje 355

НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола и ОУ „Гоце Делчев“ – Битола, го  одбележуваат Светскиот ден на поезијата со поетско читање на учениците, читање на избор стихови од македонската и албанската поезија и лични творби од страна на учениците и на крај ќе следува настап на учениците од дневниот престој.

Секоја година, 21 март е резервиран за одбележување на три големи настани. Освен што ќе и кажеме големо „Добредојде” на пролетта и на денот на екологијата, ќе се прославува и Светскиот ден на поезијата.

Одлуката 21 март да се прославува како Светски ден на поезијата беше усвоена во Париз во 1999 година, на 30-та. сесија на УНЕСКО. Оттогаш денот на поезијата се празнува со книжевни собири низ цел свет и поетите од сите континенти праќаат пораки.

Разновидност во дијалог, слободен проток на идеи преку збор, креативност и иновација. Светскиот ден на поезијата е покана да се размислува за моќта на јазикот и целосен развој на креативните способности на секој човек.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП