24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКремљ: Проектот „Јужен тек“ повеќе не постои

Кремљ: Проектот „Јужен тек“ повеќе не постои

juzn

Москва ги сопре сите работи во врска со проектот за гасоводот „Јужен тек“, соопштил портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесуваат руските медиуми.

Претходно, амбасадорот на ЕУ во Русија, Вигаудас Ушацкас рекол дека Унијата е подготвена да разговара околу имплементацијата на проектот „Јужен тек“, доколку тој се усогласи со третиот енергетски пакет.

„Проектот `Јужен тек` не постои, тој е затворен, не се работи ништо во однос на тоа прашање. Проектот е прекинат поради ставот на Европската комисија“, рекол Песков.

Рускиот амбасадор во ЕУ, пак, Владим Чижов соопштил дека преговорите за проектот „Јужен тек“, со кои би се задоволила европската потреба од рускиот природен гас, беа на маса за истите да можат да се обноват.

Кон крајот на 2014-та година, Москва најави укинување на проектот „Јужен тек“, кој требаше да поминува низ Црното море, преку Бугарија, Србија, Унгарија и Словенија до Италија и Австрија. По укинувањето на проектот, Русија ги обнови плановите за воспоставувањето на гасоводот „Турски тек“, кој требаше да биде замена за „Јужен тек“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП