26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНема влез на нови бегалци во Македонија

Нема влез на нови бегалци во Македонија

migranti21

Во петокот од страна на МВР не се издадени потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Од почетокот на годината па до 18-ти март, издадени се потврди на вкупно 89.623 странски државјани, од кои 35.381 се од машки пол, 19.617 се од женски и 34.399 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 226 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-44.734, Авганистан-26.546 и Ирак-18.337.

До Секторот за азил во петокот не се поднесени барања за признавање на право на азил, врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Од почетокот на годината па до 18-ти март, до Секторот за азил барање за признавање на право на азил поднеле 29 лицa (22 од Сирија и седум од Авганистан) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП