
Најактивен купец на рускиот гас оваа година стана Велика Британија, изјави шефот на Газпром, Алексеј Милер.


Најактивен купец на рускиот гас оваа година стана Велика Британија, изјави шефот на Газпром, Алексеј Милер.
Најголем раст на побарувачката за руски гас од 1 јануари до 15 март 2016 година покажа Велика Британија – 245,8 проценти повеќе во споредба со истиот период минатата година.
„Испораките се зголемени за 3,2 милијарди кубни метри, што е за една третина повеќе од вкупниот обем на зголемувањето на испораката на Газпром во странство“, изјави Милер.
Во целина, Газпром од 1 јануари до 15 март ги зголеми испораките на гас во странство за 9,155 милијарди кубни метри (33,5 проценти повеќе во однос на минатата година) и сега тие изнесуваат 36,5 милијарди кубни метри.
Извозот на рускиот гас во Германија порасна за 37 проценти и сега изнеусва до 9,9 милијарди кубни метри. Минатата година Германија постави рекорд во купувањето на рускиот гас – 43, 5 милијарди кубни метри, што е за 6 милијарди кубни метри повеќе отколку во 2014 година.