3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија: Многу ризици по целната инфлација

Русија: Многу ризици по целната инфлација

rusija-ekonomija-ruru

И понатака постојат ризици инфлацијата во Русија да биде над очекуваното ниво од 4,0 проценти на крајот на 2017 година, соопшти руската централна банка, по седницата на Бордот на директори.

Ризици за надминување на нивото на целната инфлација претставуваат факторите како потенцијалното влошување на ситуацијата на пазарот на нафта, долгорочни или високи инфлаторни очекувања, динамиката на цените на храната, промена на царинските стапки, плати и пензии и неизвесноста во поглед на постигнување на среднорочно избалансиран федерален буџет, наведе руската централна банка.

Постигнувањето на четирипроцентната проектирана инфлација во среден рок е примарна задача за централната банка во рамките на политиката за целната инфлација.

Ниската и предвидлива инфлација на долг временски период се смета за клучен критериум за макроекономската стабилност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП