9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКрајот на трговската недела не донесе изненадувања на Македонска берза

Крајот на трговската недела не донесе изненадувања на Македонска берза

mk berza

Последниот трговски ден оваа недела беше истргувана поголемо количество со акцијата на Стопанска Банка АД Скопје.

Конкретно, вкупно беа реализирани 1.398 акции по просечна цена од 403,92 денари, што претставува пораст на цената за 0,98 отсто. Акцијата го зазеде второто место по реализиран промет, додека пред неа се позиционираше акцијата на Комерцијална Банка (1.451.287,00 денари, 618 истргувани акции).

Со скромна количина од само пет лотови, до седмата емисија беше единствената тргувана обврзница, а просечната цена изнесуваше 99,30 отсто. Вкупниот реализиран промет изнесуваше 3.386.937,31 денари и 40 реализирани трансакции.

Индексот МБИ-10 се намали за 0,12 отсто и изнесуваше 1.800.26 индексни поени, додека ОМБ ја намали вредноста за 0,01 отсто и изнесување 128,37 индексни поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП