13 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата продолжува да расте

Цената на нафтата продолжува да расте

nafta 4839

Цените на нафтата во петок на меѓународните берзи го надминаа нивото од 42 американски долари, поддржани со очекувањата за замрзнување на производството и зголемената сезонска побарувачка, а дополнителна поддршка пружи и слабиот долар.

На лондонската берза цената на барелот порасна 59 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 42,13 долари.

На американската берза барелот се тргуваше за 64 центи повисока цена, од 40,84 долари.

Предлогот за замрзнување на производството на јануарското ниво ги подигна цените за повеќе од 50 отсто во однос на најниското ниво во последните 12 години, забележана во декември. Кон средината на неделата Катар соопшти дека Саудиска Арабија и производителите надвор од ОПЕК ќе се сретнат на 17 април во Доха за да разговараат за стабилизација на пазарот.

Поддршка на цените пружија и очекувањата за вообичаен раст на побарувачката на почетокот на летната сезона.

„Се ближи крајот на периодот на ниска побарувачка, а почнува летниот период во кој побарувачката расте“, оцени Оливие Јакоб од швајцарски Petromatrix.

Дополнителна поддршка на цените на нафтата пружа и слабиот долар, чиј индекс наспрема корпата на клучни светски валути овој месец потона 3,2 отсто поевтинувајќи ја нафтата за увозниците кои располагаат со други валути.

ОПЕК во петок на своите интернет страници објави дека цената на барел на референтната кошничка од неговата нафта во четврток изнесувала 36,36 USD, што значи дека пораснала за 1,86 USD во однос на претходниот трговски ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП