23 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВолстрит ги надомести сите загуби од почетокот на годинава

Волстрит ги надомести сите загуби од почетокот на годинава

wall street

На Волстрит во четвртокот индексот Dow Jones се качи во позитивното подрачје, првпат во однос на почетокот од годинава, благодарејќи на растот на цените на сировините и падот на курсот на американскиот долар.

Индексот Dow Jones зајакна за 0,90 отсто, на 17.481 поен, додека S&P 500 порасна за 0,66 отсто, на 2.040 поени, а Nasdaq индексот за 0,23 отсто, на 4.774 индексни поени.

Индексите Dow Jones и S&P 500 во четвртокот ги достигнаа највисоките нивоа од 31-ви декември, надоместувајќи ги сите загуби од почетокот на годинава, додека индексот Nasdaq го достигна највисокото ниво од 7-ми јануари.

По острите загуби на почетокот од годинава, закрепнувањето на цените на нафтата и сировините во последните месец ипол дена го поттикна растот на акциите во рударскиот и енергетскиот сектор, а благодарејќи на тоа, се стабилизираше целиот пазар.

И во четвртокот цената на нафтата на американскиот пазар скокна за 4,5 отсто, на 40,20 долари, благодарејќи на надежите на вложувачите дека најголемите светски произведувачи на нафта на состанокот следниот месец ќе постигнат договор за замрзнување на производството.

Тоа го поттикна растот на цените на акциите во рударскиот и во енергетскиот сектор, а меѓу најголемите добитници беа акциите на американските извозници, што му се припишува на послабиот долар. Благодарејќи на тоа, производите на американските компании на странските пазари стануваат поконкурентни.

Откако американската централна банка во средата порача дека ќе го забави темпото на зголемувањето на каматните стапки, курсот на доларот во четвртокот падната по 111 јени, на најниското ниво во последните речиси ѝ17 месеци. Цената на еврото, пак, достигна, 1,1342 долари, највисокото во последните пет седмици.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП